уторак, 11. децембар 2012.

Љубовни статуси

Четврток, 19 Ноември 2009 23:40 Кога ја погледнав твојата прекрасна насмевка, допрев нежната рака, срцето засекогаш ми остана твое... Ќе бидам пламен кој никогаш не гасни... пламен кој гори на твојата љубов.

Ги научив десетте божји заповеди, па се најдов во голема беда, бидејќи десеттата заповед учи никого и ништо да не посакувам, а јас посакувам твоите усни засекогаш да бидат мои.

На моето тело се отисоците од твоите прсти, на усните имам вкус на твоите усни, на перницата влакна од твојата коса - со тебе дознав што е тоа вистинска Љубов.

Ти си светлост во темнината на животот, ти си единствената нота од мојата музика, ти си бескрајната тајна на моите сништа, ти си мојот живот, ти си ми се - те сакам.

Стави ме како знак на срце, како печат на својата рака, бидејќи љубовта е јака како смрт. Многу вода не може да ја угасне, ниту пак река да ја потопе љубовта која ја чувствувам кон тебе.

Бог на светот му подари три светлости: Едно сонце да свети дење, една месечина да свети ноќе и моите очи да светат кога ќе те погледнат тебе.

Бог на светот му подари три светлости: Едно сонце да свети дење, една месечина да свети ноќе и твоите очи да светат за мене.

Ако за момент ги затвориш своите очи, ќе знаеш дека е среќа кога имаш некој на кој можеш да се ослониш и ќе знаеш дека тој некој кој го сакаш, кај и да е, засекогаш ќе биде покрај тебе.

Ангели ќе те чуваат, дожд за тебе ќе врни. Некој од небо ѕвезди ќе ти спушти, свет ќе ти поклони, но запомни, никој како мене нема да те љуби.

Срцето е богатство кое не се продава, туку се поклонува. А јас го поклонив срцето на ангелот кој штотуку ја чита оваа порака.

Да ми даде Бог последна желба да одберам, би те одбрал/а тебе. Само една ноќ со тебе, таму е домот за срцето мое, таму да остарам.

Сакам дамо тебе да те сакам, да те сакам топло, долго и нежно, да бидам среќна/среќен со тебе и нашата љубов да трае вечно.

Од нашиот прв поглед те сонувам, од нашиот прв состанок ми требаш, од нашиот прв допир те посакувам, од нашиот прв бакнеж те сакам.

Сакам да бидам сон во твојата најубава ноќ, сакам да бидам љубов што низ усните ќе ти помини, сакам да бидам мисла во мислите твои, сакам да бидам дел од животот твој.

Повеќе би сакал да немам ништо, а да те имам тебе, отколку да имам се а тебе не.

И додека сјае сонцето од твоите очи, додека блескаат ѕвезди од твоите зеници, јас ќе бидам разиграна птица во безгрижен лет која пие нектар од твоите усни.

Нема коментара:

Постави коментар